Uncategorized Синовец се враќа во МЗТ

Синовец се враќа во МЗТ

Стефан Синовец ќе биде старо-новото засилување на кошаркаскиот клуб МЗТ Скопје. Српскиот кошаркарски интернационалец летово го напушти тимот на МЗТ и се пресели во унгарски Шолнок, но сега повторно се враќа во стариот тим, а тоа го потврди и неговиот агент Мишко Ражнатовиќ.
Синовец нема да игра на вечерашниот натпревар со Црвена звезда, но ќе игра против Мега лекс в четврток, во салата „Јане Сандански“, во рамикте од 14. коло од Јадранската лига.
Неодамна и Предраг Самарџиски потпиша за македонскиот шампион, но тимот нема да може да смета на услугите на повредените Дамјан Стојановски и Марко Симеоновски.