Македонија Се врши дератизација на бунарите во Кавадарци

Се врши дератизација на бунарите во Кавадарци

Превентивната дератизација на бунарите и на каптажите во Кавадарци се врши откако е прогласена епидемија на глодарската треска во општина Лозово.

Најмногу заболени од туларемија има во селото Каратманово, а досега се регистрирани вкупно 19 случаи.

Комисијата за јавно здравје вчера наложи чистење на бунарите, каптажите и на канализационите шахти од глодарите, одржување лична хигиена и задолжителна проверка на квалитетот на водата за пиење.

Болеста се манифестира со симптоми слични на грип.