Забава Се бара секретарка со мини-здолниште и со провокативни хулахопки

Се бара секретарка со мини-здолниште и со провокативни хулахопки

Бурни реакции предизвика огласот што го постави британската фирма за вработување „Ај-Си-Ес“ (ICS) за работното место секретарка.

На огласот има нацртано жена во мини-здолниште и со провокативни хулахопки. Текстот е: „Секретарка потребна во „Мејфер“. Чорапите не се задолжителни! 35.000 фунти. Дали сте подготвени да ја заземете позицијата?“

Медиумите во Велика Британија веднаш го осудија овој оглас, нарекувајќи го сексистички и апсолутно навредлив, а лавина од негативни коментари беа напишани и на мрежите „Фејсбук“ и „Твитер“.