Македонија Протестот за Тамара откажан поради партиски притисоци

Протестот за Тамара откажан поради партиски притисоци

Поради големиот медиумски притисок и обвинувањата кон семејството и кон мајката на Тамара, организаторите го откажаа протестот за Тамара во Велес закажан за вчера.

Како што пишува на страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“, „После монструмските напади од разно-разни владини (не)луѓе. После, денешните текстови кои ги читаме сите, а се преполни со обвинување кон мајката на Тамара, кон нејзините родители, протест нема да има“.

Диме Велев вели дека протестот е само одложен, но не откажан.

– Би требало да организираме протест овој или наредениот викенд – ни рече Велев.

На досегашните протести за Тамара се бараше оставка од сите функционери што имале некаква поврзаност со случајот.

Во меѓувреме, за случајот на Тамара пишуваа и странските медиуми.