Македонија Притвор за четворицата приведени демонстранти

Притвор за четворицата приведени демонстранти

Основното јавно обвинителство – Скопје им одреди мерка притвор на четворицата приведени од протестите пред Владата што се одржаа во вторникот.

„Постапувајќи по поднесената кривична пријава, а за да се обезбеди непречено одвивање на истрагата, од Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1, е поднесен предлог за определување мерка притвор против сите четири осомничени лица, поради постоење околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото, а со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.