Македонија Пратеникот Павле Трајанов доживеал сообраќајна несреќа

Пратеникот Павле Трајанов доживеал сообраќајна несреќа

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во саботата доживеал сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Гевгелија, соопшти партијата на нивниот „Фејсбук“ профил.

Сообраќајката се случила околу 16.15 часот кога во близина на мостот на Водисирска Река, возилото кое доаѓало од спротивен правец престигнувало цела колона, на полна линија и директно удрило во возилото марка „шкода“ во кое бил Трајанов, а кое се движело во својата лента.

Во несреќата повредени биле четири лица и на сите им е укажана лекарска помош, додека Трајанов минал без повреди.