Македонија Почна изградбата на кружниот тек во Автокоманда

Почна изградбата на кружниот тек во Автокоманда

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, придружуван од премиерот Никола Груевски и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, денеска го означи почетокот на изградбата на новиот кружен тек меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец, во населбата Автокоманда, во општината Гази Баба.

Според Трајановски изградбата на овој кружниот тек ќе придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот и за растоварување на сообраќајниот метеж кон населбите Чаир и Бутел, а градежните работи треба да завршат во рок од 180 работни дена.