Подглавна секција Почина големиот музичар Ферус Мустафов

Почина големиот музичар Ферус Мустафов

Тој ќе биде погребан во родниот град Штип, каде што и живеел со своето семејство

Фото: NickyMKD, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

На 72 години, по кусо боледување ноќеска починал кралот на ромската музика, Ферус Мустафов. Тој ќе биде погребан во родниот град Штип, каде што и живеел со своето семејство.

Тој ја започнал својата професионална кариера на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет на музичката академија. Иако бил мултиинструменталист, најпрепознатлив беше по својот саксофон. Има издадено неколку албуми со богат репертоар на народна музика.