Економија Пад на странските инвестиции за 38 милиони евра во однос на истиот...

Пад на странските инвестиции за 38 милиони евра во однос на истиот период лани

Во првите девет месеци од годинава, странските директни инвестиции изнесуваат  115,91 милиони евра, објави Народна банка.

За разлика од истиот период лани, кога тие изнесувале 154 милиони евра, имаме намалување од близу 38 милиони евра.

Во септември е регистриран одлив на странски капитал од 17,6 милиони евра.