Македонија Осуденик во Идризово до смрт претепал друг осуденик

Осуденик во Идризово до смрт претепал друг осуденик

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, информира Обвинителството

Фото: Мета.мк

Осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни, соопшти денеска Основното јавно обвинителство. Оттаму донеле наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, се наведува во соопштението на Обвинителството.