Култура Операта „Танхојзер“ во живо во „Синеплекс“

Операта „Танхојзер“ во живо во „Синеплекс“

На 31 октомври, на платното во „Синеплекс“, ќе биде прикажана операта „Танхојзер“ на Вагнер.

Џејмс Ливајн диригира со Вагнеровата опера која за последен пат во „Метрополитен“ беше изведена пред повеќе од една деценија, во продукција на Ото Шенк, во далечната 1977година.

Јохан Бота првпат ја пее насловната улога во постановката која го вклучува и Питер Матеи како Волфрам, негова втора изведба како „вагнеровец“; Гунтер Гроисбок ќе ја претстави улогата на Ландграф; Ева-Марија Вестбрук ќе настапи како Елизабета, а Мишел де Јонг во улога на Венера.