Хроника Одреден притвор за старецот што изврши полов напад врз седумгодишно девојче во...

Одреден притвор за старецот што изврши полов напад врз седумгодишно девојче во Охрид

Основното јавно обвинителство од Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето Т.Т, на возраст од 73 години, жител на Скопје, со престојувалиште во Охрид, за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот го сторил делото на 6 јуни во центарот на Охрид, каде извршил полови дејства врз оштетеното дете.

Според информациите на МВР, половиот напад се случил околу 12.30 часот, додека седумгодишното девојче се враќало од училиште по улицата Св.Климент Охридски.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител до Основниот суд во Охрид поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.