Македонија Одложена седницата на Апелација за „Шпион“

Одложена седницата на Апелација за „Шпион“

Седницата на Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ денеска повторно е одложена. Причина за одложувањето официјално беше отсуствoто на адвокатите на дел од обвинетите.

Одбраната истовремено доставила барање предметот да го преземе Специјалното јавно обвинителство.

Обвинетите имаат поднесено жалби на првостепената пресуда, со која сите беа осудени на затворски казни.

Првообвинет во судскиот процес е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што, според обвинението, прибирал информации за странски тајни служби.

Покрај него, обвинети и осудени се и поранешниот директор на дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“, како и Марјан Маџовски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељанoски.

Првостепената пресуда е донесена пред 13 месеци, а обвинетите беа осудени на вкупно 73 години затвор.