Македонија Oдбележана 500-та трансплантација на бубрег во земјава

Oдбележана 500-та трансплантација на бубрег во земјава

Трансплантацијата е извршена во декември, а 25-годишната пациентка на којашто ѝ е пресаден бубрегот ќе биде отпуштена од болница

Фото: Министерство за здравство

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за урологија, по повод 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство. Трансплантацијата е извршена во декември, а 25-годишната пациентка на којашто ѝ е пресаден бубрегот ќе биде отпуштена од болница.

„Упатувам огромни честитки до директорите на клиниката, до националниот координатор за трансплантација и целиот стручен тим за одличните резултати што ги постигнуваат сите овие изминати години. Органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината. Органодарителството спасува животи и горд сум што свесноста и важноста сѐ повеќе се зголемува. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници“, изјави министерот Меџити.