Македонија Од денеска почнува увидот во Избирачкиот список

Од денеска почнува увидот во Избирачкиот список

Од денеска жителите на општината Центар ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список.

Проверката ќе можат да ја направат со валиден документ за идентификација во барака 1, соба број 10 во Општината Центар.

Работното време е од 8.30 до 19 часот. Оние граѓани кои се заведени во Избирачкиот список ќе можат да гласаат на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар, кој ќе се одржи на 26 април.

Граѓаните ќе можат да гласаат на истите избирачки места на кои гласаат на избори.