Хроника Обвинителство: Кумановец под истрага за полов напад врз дете

Обвинителство: Кумановец под истрага за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Куманово наредило спроведување истрага против кумановец, осомничен за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, соопштија од јавното обвинителство.

Според кривичната пријава што била доставена до обвинителството, осомничениот во април минатата година го повикал детето во својот дом, каде што сексуално го злоупотребил.

На предлог на обвинителството, судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена, поради опасност од бегство, влијание на сведоците во постапката, зашто тие сè уште не биле сослушани, и поради опасност да го повтори делото.