Македонија Обединети за Македонија бараат ослободување на Љубе Бошкоски

Обединети за Македонија бараат ослободување на Љубе Бошкоски

Обединети за Македонија денеска, по повод четиригодишнината од апсењето на Љубе Бошкоски, побраа негово ослободување, како и ослободување на сите политички и неправедно осудени.

„Уште при слетувањето на скопскиот аеродром, почна ужасен прогон против твоето политичко дејствување и твоето право на слобода и тоа од една мала група валкани патриоти, што единствено умееја да се здружат, да ја окупираат идејата на ВМРО обновена во ДПМНЕ од чесни патриоти, да го експлоатираат кадровскиот потенцијал и да ги дискредитираат со потпишани бланко-оставки и меници од 300.000 евра, со една и единствена цел – да се опљачка и разнебити Македонија“, стои во писмото од ОМ до Бошкоски.

Од партијата велат дека правдата е спора, мачна и тешка, но излегува на виделина.