Македонија Нова колекционерска монета со ликот на свети Никола

Нова колекционерска монета со ликот на свети Никола

Кована пара за колекционерски цели со ликот на свети Никола Чудотворец е пуштена во оптек, извести Народната банка на Република Македонија. Монетата е изработенa од сребро Аg925, тежи 31,1 грам, чистота на среброто од 28,77 грама и е во правоаголна форма со димензии 30 на 45 милиметри. Цената на кованaтa парa „Свети Никола Чудотворец“ изнесува 3.800 денари.

На предната страна, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“. Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата „Св. Никола“ во Бари, Италија. Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква „Св. Никола“ во Бари. Од десно се статуата на св. Никола во катедралата „Св. Исак“ во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“ која означува од кој метал е изработена, како и тежината на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.

На опачината, во централниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на св. Никола Чудотворец, врз основа на иконата во црквата „Св. Серафим Саровски“ во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот „Свети Никола Чудотворец“ на руски јазик.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.