Македонија „Не е предоцна“ – бесплатни прегледи за белодробни заболувања

„Не е предоцна“ – бесплатни прегледи за белодробни заболувања

Во активностите ќе се вклучат два тима со по пет лица за изведување пулснаоксиметрија

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза утре организира бесплатни превентивни прегледи на населението, со што ќе се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Прегледите, кои се состојат во тестови за мерење на функцијата на белите дробови (спирометриски тестови, пулсоксиметрија), ќе се вршат во Домот на АРМ од 10 до 15 часот, а на присутните ќе им биде поделен и пропаганден материјал.

Во активностите, како што соопшти Институтот, ќе се вклучат два тима, секој со пет лица, за изведување пулсна оксиметрија, спирометрија, за пополнување на прашалникот, и лекар-специјалист, кој ќе ги толкува добиените резултати. Мерењата ќе се вршат на две позиции истовремено.

Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) годинава се реализира под мотото „Не е предоцна“ .