Македонија „Наставнички пленум“ на протест в недела

„Наставнички пленум“ на протест в недела

Наставниците од „Наставнички пленум“ в недела ќе излезат на мирен протест пред Министерството за образование и наука под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“. Протестот, според пленумот, е најавен во знак на револт поради почнување на екстерното тестирање без да се земат предвид сите забелешки и напори направени во изминативе месеци да се оспори процесот.

„Овој протест не е да се спречи екстерното. Овој протест е против сите негативни реформи што ги носи оваа нелегитимна влада! Со овој протест не мислиме да го спречиме екстерното кое почнува за неколку дена, туку да укажеме дека и покрај сите обиди, не најдовме ни еден аргумент кој би ја поткрепил тезата дека екстерното тестирање ќе го подобри квалитетот на образованието“, посочуваат од „Наставнички пленум“.

Почетокот на мирниот протест е најавен за 17 часот.