Македонија Намален бројот на посебни истражни мерки во 2017 во споредба со 2016...

Намален бројот на посебни истражни мерки во 2017 во споредба со 2016 година

Јавното обвинителство на Република Македонија во 2017 година спровело Посебни истражни мерки (ПИ-мерки) против 289 лица и во 262 предмети со кривични дела, што  е намалување во однос на 2016 година, кога станувало збор за 374 лица и 454 предмети на кривично дело, се вели во годишниот извештај на ова обвинителство, кој денеска беше доставен до медиумите.

Обвинителството, изнесувајќи и други статистики за својата работа, соопшти дека минатата година сите обвинителства постапувале против 28.753 лица, што е за 340 лица помалку отколку во 2016.

Обвинителите се жалат и на недоволно кадар на речиси сите нивоа и бараат дополнителни средства за нови вработувања.