Македонија На свадба пукал со автоматска пушка, го пренесувале на Фејсбук

На свадба пукал со автоматска пушка, го пренесувале на Фејсбук

Кривична пријава е поднесена против Б.Д.(24) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка

Фото: Мета.мк

СВР Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје поднел кривична пријава против Б.Д.(24) од селото Долно Јаболчиште во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, се наведува во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил пред повеќе од една година, на 11 септември лани.
Тој со автоматска пушка испукал повеќе куршуми на свадба во селото Горно Јаболчиште, а видео од пукањето потоа било објавено на Фејсбук.