Македонија Муслиманите денеска слават Курбан-бајрам

Муслиманите денеска слават Курбан-бајрам

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Курбан-бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и за благосостојба.

Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод Курбан-бајрам упати порака и честитка до муслиманските верници.

Првиот ден на Курбан-бајрам, 24 септември, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.