Македонија МНТ и Археолошкиот музеј се поплавија, Алаѓозовски најави тужби за изведувачите

МНТ и Археолошкиот музеј се поплавија, Алаѓозовски најави тужби за изведувачите

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, рече дека новите објекти на Македонскиот народен театар и на Археолошкиот музеј ги имаат истите проблеми како и објектите изградени пред 60 години. Тој додаде дека поради врнежливото време, покривот на МНТ протекува.

– Поради силниот ветер, се откина дел од лимениот покрив на Центарот за култура во Штип. Ситуацијата дополнително се комплицира затоа што е на крај на фискална година и дури и тендери за итни работи не може да се спроведат до крајот на годината – изјави Алаѓозовски по денешниот увид во состојбата на објектот на МНТ.

Тој побара одговорност од изведувачите, надзорните органи и од стручните служби и упати апел до компаниите за да помогнат со донации или да интервенираат во институциите.

– Ќе утврдиме кој и зошто не ги извел квалитетно работите и ќе поднесеме тужби – изјави Алаѓозовски.