Македонија Митревски: Да се подобри материјалната положба на работниците

Митревски: Да се подобри материјалната положба на работниците

По повод Први мај, Меѓународниот ден на работничките права, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, упати барањата до надлжените институции, кои се однесуваат на подобрување на работничките права. Тие се содржани во манифестот, кој Митревски го прочита по „Маршот на солидарноста“.

– Како претставници на работниците, марширајќи солидарно на овој ден, бараме понатамошно подобрување на социјалната и на материјалната положба на работниците и на граѓаните во Македонија, доследно почитување и примена на работничките права на сите нивоа, елиминирање на опасноста од нееднаквост на работниците и на разликите и третманот на работниците во приватниот и во јавниот сектор, анализа на законите кои предизвикуваат грижа и нерамноправен третман на работниците во приватниот сектор и во администрацијата – истакна Митревски.

Дел од барањата се и потпишување колективни договори на сите нивоа, обезбедување сигурни работни места, траен работен однос, работен однос на неопределено време како услов за мирен и спокоен живот на работниците и на нивните семејства и сигурни плати за сите работници, кои ќе им обезбедат пристоен живот.