Спорт Мартинез: Евертон може во топ 4

Мартинез: Евертон може во топ 4

Менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез, верува дека неговиот тим може да ја заврши сезоната меѓу четирите најдобри екипи во Премиер-лигата.

Евертон во моментов е на 11. место на табелата, а во минатото коло беше убедливо поразен од Саутемотон со резултат од 3:0.

Шпанецот, сепак, верува дека неговата екипа може да направи пресврт во продолжението на сезоната.

– Не бевме константни во Премиер-лигата. Мораме да учиме од своите грешки, нема да бегаме од одговорност. Сакаме да бележиме константно добри резултати. Мислам дека можеме до четвртото место. Тимовите кои се борат за титулата во моментов заземаат само две од четирите места. Сè останато е отворено. Нема лесни мечеви и затоа лигата е силна – рече Мартинез.