Економија Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија во ноември лани

Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија во ноември лани

Во ноември минатата година, Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија, 15,332 милиони кубни метри гас, 481.014 тони јаглен и 88.206 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 66,2 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија.