Спорт Спорт Свет Мајкл Џордан ќе влезе во „Куќата на славните“

Мајкл Џордан ќе влезе во „Куќата на славните“

На официјалната веб-страна на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), потврдено е дека познатиот кошаркар Мајкл Џордан ќе влезе во меѓународната „Куќа на славните“.

Освен Џордан, во оваа куќа влегуваат и други спортисти, а нивната официјална промоција ќе се одржи на 20 септември во францускиот град Лил, на полувремето од финалето на Европското првенство.