Економија „Ксиаоми“ стана трет произведувач на паметни телефони во светот

„Ксиаоми“ стана трет произведувач на паметни телефони во светот

Кинескиот произведувач „Ксиаоми“ ја зголеми пазарната вредност за 1,1 милијарда на 45 милијарди долари, со што направи нов распоред на листата на титани во ОТ-светот.

Со последниот успех, „Ксиаоми“ се најде на третата позиција во секторот на нови технологија, веднаш зад „Самсунг“ и зад „Епл“, соопштија од компанијата.

Меѓу инвеститорите на оваа кинеска компанија се појавуваат фондот „Ол-старс инвестмент“, „Ди-Ес-Ти“, „Џи-Ај-Си“, фондот „Хопу“ и „Јунфенг капитал“.

Со пазарна вредност од 45 милијарди долари, „Ксиаоми“ сега е речиси трипати повредна компанија од „Леново“, најголемиот светски произведувач на персонални компјутери.