Забава Кит Ричардс најави нов соло-албум, прв по две децении

Кит Ричардс најави нов соло-албум, прв по две децении

Кит Ричардс, член на легендарните „Ролниг стоунс“, го најави издавањето на својот нов соло-албум, прв по 20 години, пишува „Хафингтон пост“.

Повикувајќи се „Ентертејмент викли“, „Хафингтон“ пишува дека новиот албум е насловен „Crosseyed Heart“ и ќе содржи 15 песни со влијание на повеќе музички стилови, како реге, блуз, рок и кантри.

Првата песна од албумот, „Trouble“, ќе биде објавена за седум дена, на 17 јули.

„Нема ништо како кога ќе влезеш во студио и немаш апсолутно никаква идеја што ќе излезе на крајот. Доколку барате „неволја“ (trouble), на вистинското место сте“, изјавил 71-годишниот рокер.

Ричардс својот соло-проект го најави на почетокот на годината, кога за магазинот „Ролинг стоун“ изјави дека не ја иклучува можноста да замине на соло-турнеја.

„Crosseyed Heart“ ќе биде биде достапен од 18 септември.

Ова е трет соло-албум на Ричардс.