Македонија Кежаровски: Скапував во затвор поради лажен сведок подметнат од тајната полиција

Кежаровски: Скапував во затвор поради лажен сведок подметнат од тајната полиција

По една деценија судења и неколку повторени судски постапки за случајот „Ореше“, велешкиот суд денеска донесе ослободителна пресуда за обвинетите во овој случај.

Новинарот Томислав Кежаровски, кој за случајот „Ореше“ во притвор помина една година и девет месеци, се огласи на својот фејсбук-профил.

„Во образложението на пресудата се наведува дека „заштитениот“ сведок ниту бил заштитен, ниту загрозен, туку бил лажен, кој сведочел по налог на тајната полиција, така како што напишав во неделникот „Репортер 92“, а за што бев осомничен, обвинет и осуден на затворска казна. За што скапував по затворските ќелии? За што го изгубив здравјето? И сега обвинителке Лиле Стефанова, што ќе правиме? И сега господо судии Тања Михајлова, Ѓоко Ристов и Дијана Груевска-Илиевска што ќе правиме? Што ќе кажете во своја одбрана?“, напиша Кежаровски.