Македонија Католиците денеска го слават Божик

Католиците денеска го слават Божик

Католиците насекаде во светот денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик, а традиционално во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа вчеравечер, во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше свечена литургија.

На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски со сопругите.