Македонија Канческа-Милевска се сретна со австрискиот амбасадор

Канческа-Милевска се сретна со австрискиот амбасадор

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Томас Михаел Баер.

На средбата, двајцата соговорници разговараа и за можноста за продлабочување на соработката во областа на културата меѓу двете држави како и за реализација на копродукциски проекти меѓу институциите од областа на културата во двете земји.

Македонија и Австрија имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата.