Македонија Каменуван штабот на СДСМ во Маџари

Каменуван штабот на СДСМ во Маџари

Во партиските простории на СДСМ во населбата Маџари 2, во општина Гази Баба, доцна синоќа е фрлано со камења, од што се искршени повеќе прозорски стакла. Потоа, околу просториите биле запалени свеќи, реагираат од СДСМ.

„Инцидентот е забележан утрината и е пријавен во полиција. Во моментот на настанот во просториите немало партиски членови. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува овој инцидент и бара брзо откривање на сторителите“, реагираат од партијата.