Македонија ЈСП поставува нови автобуски постојки

ЈСП поставува нови автобуски постојки

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие ги заменуваат старите автобуски постојки со нови. Нови автобуски постојки се поставуваат по должината на булеварите Јане Сандански, Партизански одреди и Кузман Јосифовски-Питу.

Во текот на 2016 година ќе бидат поставени вкупно 52 нови автобуски постојки, кои во најголем дел ќе бидат лоцирани на трасите на булеварите Јане Сандански и Партизански одреди.

Проектот чини 11 милиони денари, а е финансиран од буџетот на Град Скопје и од ЈСП-Скопје.

Во првата фаза на проектот, кој почна да се реализира во 2013 година, поставени се 226 нови автобуски постојки, за што беа одвоени 66 милиони денари од буџетот на Град Скопје.