Македонија ЈО: Починатиот маж од Кавадарци бил избоден, па запален

ЈО: Починатиот маж од Кавадарци бил избоден, па запален

Фото: Ванчо Џамбаски (CC-BY)

Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж, кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

„Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите“, информираат оттаму.

Во соопштението од обвинителството е наведено дека веднаш по пронаоѓањето на телото бил извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица.​