Македонија Ивановски на Светскиот конгрес за мобилна технологија

Ивановски на Светскиот конгрес за мобилна технологија

Од денеска до 5 март, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе учествува на Светскиот конгрес за мобилна технологија, кој ќе се одржи во Барселона.

Ивановски ќе има обраќање на панел-сесијата „Резултати од потрошувачката како производ на конкуренцијата во мобилниот сектор“.

Главна тема на собирот е стимулирање на иновациите за нивно поврзување со општеството, при што акцент ќе биде ставен на мобилниот сектор и на политичките и на регулаторните услови, кои овозможуваат развој на мобилните технологии и услуги.

Министерот Ивановски ќе има состаноци со владини претставници, како и со претставници на интернационални компании од ИКТ-секторот.