Македонија Ивановски на бизнис-форум во Естонија

Ивановски на бизнис-форум во Естонија

Oд денеска до 13 март министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе престојува во Естонија, каде што ќе учествува на бизнис-форум организиран од естонската Стопанска комора.

Како што соопшти МИОА, Ивановски ќе има презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ-секторот.

Ивановски ќе посети и неколку естонски компании кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија.

– Посетата на Ивановски на Естонија е во рамките на владините активности за привлекување странски инвестиции – информира Министерството за информатичко општество и администрација.