Македонија Иванов со честитка по повод Денот на албанската азбука

Иванов со честитка по повод Денот на албанската азбука

Gjorge Ivanov, president i Maqedonisë

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка по повод Денот на албанската азбука.

„Прославувањето на 22 Ноември значи негување на културните вредности и особености на албанската етничка заедница во Република Македонија. Почитувајќи ги, зацврстувајќи ги и унапредувајќи ги меѓусебните односи, ние придонесуваме во градењето заеднички соживот. Богатството на еден народ се темели врз почитувањето на традицијата, на јазичното и на културното наследство, кое е јадро што во себе ги содржи минатото, сегашноста и иднината. Уважувајќи ги разликите, градиме доверба и разбирање во општество во кое не треба да има предрасуди за етничките, националните и за верските разлики“, стои во честитката.

На припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија, подолу во честитката, претседателот Иванов им го честита Денот на албанската азбука, а на сите граѓани, без разлика на верската и на етничката припадност, им порачува дека „само доколку се почитуваме меѓусебно, доколку вистински ги негуваме меѓусебните разлики, ќе придонесеме за напредокот и за развојот на просперитетна Република Македонија“.