Македонија Иванов се сретна со Дачиќ

Иванов се сретна со Дачиќ

Претседателот Иванов денеска го прими Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, кој во улога на претседавач на ОБСЕ престојува во работна посета на Република Македонија.

Претседателот Иванов изразил задоволство од фактот што Република Србија, како земја-сосед на Република Македонија, претседава со ОБСЕ, и во тој контекст изрази уверување дека српското претседателство на соодветен начин ќе ги изрази интересите на регионот.

Република Македонија, истакнал претседателот Иванов, целосно ја поддржува работата на организацијата и на српското претседателство.

Македонскиот претседател го запозна претседавачот на ОБСЕ со фактот дека за Република Македонија останува клучниот предизвик да се деблокира статус кво состојбата во интеграциите, додавајќи дека евроатлантските интеграции даваат дополнителна кохезивна сила во нашето општество.