Македонија Иванов на инаугурацијата на Грабар-Китаровиќ

Иванов на инаугурацијата на Грабар-Китаровиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре во Загреб, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраната претседатека на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.

За време на престојот во Загреб, претседателот Иванов ќе оствари и средба со хрватската претседателка.

Покрај македонскиот претседател, на инаугурацијата на новоизбраната хрватска претседателка, се очекува и присуство на претседателите на Република Словенија, на Република Албанија, на Република Косово, на Унгарија, на Словачката Република, тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, претседателот на Сенатот на Чешката Република и на претседателот на Собранието на Република Бугарија.