Македонија Иванов на ифтар во Лажани

Иванов на ифтар во Лажани

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, синоќа присуствуваше на втората, завршна вечер на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“ што се одржа на Рудина кај Долнени.

На покана од градоначалникот Боше Милошески и од месното население од муслиманска вероисповед, во селото Лажани присуствуваше на ифтар, на вечера по зајдисонцето за време на постите.

Честитајќи им го светиот месец Рамазан на жителите од муслиманска вероисповед, од селата Црнилиште, Житоште, Десово, Дебреште и Лажани, Иванов на заедничка маса, им посака блискост во семејството и да помагаат секому кому му е потребна помош.