Македонија Иванов денеска ќе прими акредитиви на нови амбасадори

Иванов денеска ќе прими акредитиви на нови амбасадори

Акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Канада, на Република Намибија и на Екваторијална Гвинеја ќе ги прими денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Новоименуван канадски амбасадор во Македонија со седиште во Белград е Филип Пинингтон, на Намибија со седиште во Виена, Симон Мадјумо, а на Екваторијална Гвинеја со седиште во Рим, Сесилиа Обоно Ндонг.