Македонија Италија одобри уште 250.000 евра за бегалците во Македонија

Италија одобри уште 250.000 евра за бегалците во Македонија

Италијанската влада одобри посебен паричен надомест во вредност од 250.000 евра за УНХЦР за да ги поддржи напорите на Македонија во справувањето со тековната криза предизвикана од бројниот прилив на бегалци, соопшти Амбасадата на Италија во Скопје.

„Овој исклучителен придонес кој ќе биде реализиран преку владината агенција „Кооперационе Италиана“ (Cooperazione Italiana), е потврда на одличните билатерални односи. Помошта е насочена кон подобрување на постојните прифатни и транзитни центри во корист на бегалците и на мигрантите, особено имајќи го предвид бројниот дневен прилив на луѓе што пристигнуваат во Македонија и неопходните подготвителни активности во пресрет на претстојните зимски временски услови“, пишува во соопштението на Амбасадата на Италија.