Хроника Им влегол во дворот со секира в рака и тешко го повредил...

Им влегол во дворот со секира в рака и тешко го повредил сопственикот

Скопјанец со секира упаднал вчеравечер во двор на улицата 376 во Чаир и ги нападнал сопственикот А.А. (52), неговата сопруга и двете ќерки. Притоа, повреден бил 52-годишникот.

Како што соопшти СВР Скопје, инцидентот се случил во 18.40 часот, кога 37-годишниот А.Џ. влегол во дворот и со секирата ги нападнал четворицата, по што поради повредите, сопственикот на куќата морал да биде однесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на лекување.

Полицијата работи на расчистување на случајот.