Свет Свет Хрватот Томислав Салопек, кој беше киднапиран, е погубен

Хрватот Томислав Салопек, кој беше киднапиран, е погубен

Хрватскиот државјанин Томислав Салопек, кого екстремистите на Исламска држава го киднапираа во Египет, е погубен, пренесуваат дел од хрватските медиуми.

Француската агенција „Франс прес“ на својот твитер-профил ја објави информацијата, повикувајќи се на вестите на интернет-страницата „SITE Intel Group.“

На социјалните мрежи почна да се шири и фотографија од вознемирувачка содржина, на која, наводно, исламистите тврдат дека се гледа телото на Салопек.

Информацијата, ексклузивно за „Јутарњи лист“, ја потврдил и извор од египетскиот медиум „Алиом ел Сабеа“ (Alyom Al Sabea).

Хрватската телевизија јавува дека сè уште нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи.