Македонија Груевски: Денешните предизвици ќе бидат зад нас

Груевски: Денешните предизвици ќе бидат зад нас

Нашиот народ поминал низ бројни искушенија и убеден сум дека и овие ќе нè направат посилни и поубедени во нашата заедничка цел – развој, просперитет и градење сигурна иднина, се вели, меѓу другото, во честитката на премиерот Никола Груевски по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители.

Во неа, тој истакнува дека делото на светите браќа Кирил и Методиј нè научи како со смиреност, верба во Бога и со почитување на различностите можеме да направиме многу.

– Верувам во мудроста на нашите граѓани и знам дека ќе постигнеме и изградиме многу повеќе – стои во честитката на Груевски.