Македонија Груевски во бизнис-посета на Холандија

Груевски во бизнис-посета на Холандија

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во Хаг, Холандија, каде пред повеќе големи холандски компании ќе ги презентира можностите за инвестирање и поволностите што ги нуди државата за водење бизнис.

Во составот на македонската делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, и заменик-директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, Климент Шекеровски.

Бизнис-форумот се организира во соработка со холандскиот Совет за промоција на трговијата и со Светскиот трговски центар на Холандија.

Неколку холандски компании веќе имаат инвестирано во Македонија и имаат позитивно искуство од развојот на своите бизнис-планови, што покажува дека постои значителен потенцијал и интерес за зајакнување на инвестициската соработка и на трговската размена во неколку области, како што се туризмот, земјоделството, текстилната и технолошката индустрија.

Холандија е една од најразвиените европски економии со многу можности за соработка. Република Македонија и Холандија во последните неколку години имаат нагорен тренд на развој на економските односи и позитивна трговска размена.