Македонија Груевски на литургија во Тетово, Иванов, Вељаноски и Трајановски во Соборниот храм

Груевски на литургија во Тетово, Иванов, Вељаноски и Трајановски во Соборниот храм

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на литургија и на празнувањето на Божик во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.

Верскиот обред го изведе господин Јосиф заедно со повеќе свештеници од тетовското архиерејско намесништво на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

На литургијата и на празнувањето на Божик во Тетово присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со семејството.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово – Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан богослужеше Златоустова литургија.