Македонија Граѓаните со бакнежи и со прегратки, се обидоа да ја ослободат МРТВ

Граѓаните со бакнежи и со прегратки, се обидоа да ја ослободат МРТВ

Неколку стотини граѓани денеска напладне се обидоа, заедно со генерал Стојанче Ангелов, на ненасилен начин да упаднат во МРТВ за да ја ослободат телевизијата од контролата на власта и да ги достават снимките од прислушуваните разговори.

Полицискиот кордон ги спречи насобраните граѓани, придружувани од актерите Синоличка Трпкова, Сашо Тасевски и Софија Куновска да влезат во МРТВ. Насобраните жени, по повикот на Ангелов да ги разоружаат полицајците со љубов, почнаа да ги гушкаат и бакнуваат припадниците на безбедносните сили и да им даваат снимки од прислушуваните разговори. Ваквиот обид за влез, сепак, не даде резултат.

Демонстрантите пред зградата на МРТВ, со извици на негодување, го потсетија менаџментот дека државната телевизија треба да бидат јавен сервис за народот, а не владин сервис. По двочасовното протестирање, демонстрантите заедно со Ангелов се упатија пред Собранието на Република Македонија. Ангелов вети дека за „бомбите“ ќе се слушне и во најдалечното село во Македонија и дека освен ослободување на МРТВ, потребно е и ослободување и на Собранието.